Македонската фудбалска репрезентација направи сензационален скок на ФИФА ранг листата од 21 место. Моментално “четата“ на селекторот Чедомир Јаневски се наоѓа на 83-то место.


Селекцијата на Македонија ваквите драстични промени на ранг листата ги направи благодарение на победата во квалификацискиот меч со Србија од 1-0 на “Филип Втори“.


Наспроти од “црвено жолтите“ најголем пад има Шкотска, која од 53-то сега се најде на 70-то место.

Од нашата квалификациска група најдобро пласирана е Хрватска на десеттата позиција. “Тивкиот фаворит“  Белгија е 20-та. Србија по двата порази во низа имаше пад од седум места и се смести на 42-то место додека Велс е 66-ти без посериозно падови и подеми.

Мх.П.