До пред само десетина дена неизвесна беше судбината на тимот, откако доминантниот сопственик Хонда се повлече од Ф1, по што екипата ја купи поранешниот менаџер на јапонскиот тим, Рос Браун, прекрстувајќи го тимот во Браун – Мерцедес. Токму овој тим ќе стартува од пол позиција на стартот од новото светско првенство во формула 1, што утре започнува со трката за големата награда на Австралија на патеката во Мелбурн.


Пол позицијата ја има Џенсон Батон пред неговиот клупски колега Рубенс Барикело. Од вториот ред ќе старуваат Ветел на Ред Бул и извонредниот полјак, Роберт Кубица на БМВ. Актуелниот шампион, Луис Хамилтон од Мекларен ќе стартува од 15-та позиција поради проблемот со менувачот. Стартот на првата трка од новото првенство е во недела вo 8 часот по македонско време. Потсетување за сите љубители на Ф1 дека ноќеска со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред започнува летното сметање на времето.

ГН Австралија – пол позиција:

1. Button (Brawn Mercedes) 1:26.202

2. Barrichello (Brawn Mercedes) 1:26.505

3. Vettel (Red Bull Renault) 1:26.830

4. Kubica (BMW Sauber) 1:26.914

5. Rosberg (Williams-Toyota) 1:26.973

6. Glock (Toyota) 1:26.975

7. Massa (Ferrari) 1:27.033

8. Trulli (Toyota) 1:27.127

Ohridnews