Екипата на Алкалоид направи изненадување совладувајќи го Вардар со 22:21 во натпреварот од 7 коло од плеј-офот во Супер лигата, што се одигра во Автокоманда во Скопје.

Во неизвесен финиш Алкалоид успеа да го сруши фаворитот, кој направи чекор назад во битката за титулата, по победата над Еуроифарм Пелистер минатата недела. Големи заслуги за триумфот на Алкаолод има голманот Трајковски кој имаше 14 одбрани.

Вардар е и натаму е прв на табелата со 21 бод, Алкалоид има 18 колку и Еурофарм Пелистер кој утре му гостува на Тиквеш во Кавадарци. Во неделниот термин Охрид од 18:30 часот во салата „Билјанини извори“ го пречекува Бутел.

Г.М.