Македонската одбојкарска репрезентација забележа сензационална победа на Европското првенство во Љубљана победувајќи го домаќинот Словенија со 3-1 во сетови (26-24, 30-28, 19-25, 26-24).
До вториот триумф, „црвено жолтите“ стигнаа со маестрална игра во текот на четирите сетови. Македонските одбојкари изненадувањето на мала врата го најавија после првиот сет кој го добија со 26-24.
Квалитет и карактер, одбојкарите покажаа во вториот сет во кој имаа негатива 17-13 а стигнаа до егал 22-22. Во играта на нерви не попуштија и со два освоени поени одново го скршија домаќинот.
Словенците се вратија во игра добивајќи го третиот сет со 25-19, но нашите репрезентативци сочуваа сили за она што следуваше. Македонија го започна со водство четвртиот сет, но словенците брзо го презедоа и го чуваа. Во неколку наврати имаа водство од четири поени но нашите одбојкари го немаа кажано последниот збор. При негатива 24-21, нашите одбојкари спасија три сет топки и со два поени во играта на „разлика“ стигнаа до толку посакуваниот трет сет.
Со втората победа во петтиот натпревар на ЕП, Македонија ги заджра шансите за пласман во нокаут фазата кои ќе зависат од исходот на останатите мечеви.
OhridNews