Јапонката Наоми Осака триумфираше на грен слем тунирот УС Опен. 22-годишната тенисерка во финалето од американскиот турнир ја совлада Викторија Азаренка со 2-1 во сетови (1-6, 6-3, 6-3).

До втората титула на УС Опен а трета вкупно од големите турнир, Осака стигна со сензационален пресврт откако губеше 1-0 во сетови и 2-0 во гемови. Јапонката со серија од 6-1 го изедначи резултатот во сетови и си го отвори патот до титулата. Самодовербата и беше на високо нови и се и одеше од рака во третиот сет кој го доби со 6-3 за конечна победа.

Имав многу лоши моменти во финалето. Губев на сите полиња и си реков дека морам да дадам се од себе да изгубам пристојно, а не за помалку од еден час во финален натпревар. Мечот се сврте и мило ми е што успеав да освојам нова титула на УС Опен. – изјави Осака.

Американскиот турнир ќе се комплетира вечерва со финалниот натпревар во машка конкуренција во кој ќе се сретнат Доминик Тим – Александар Ѕверев.

OhridNews