225. тенисерка во светот, Тара Мур во мечот со 201. Џесика Понше на ИТФ турнир во Сандерленд направи нешто по кое денеска сите светски медиуми пишуваат за неа.
Мур беше пред катастрофален пораз без добиен гем, првиот сет го загуби со 6-0, а во вториот губеше со 5-0 и противничката тенисерка имаше меч топка. Но потоа следуваше сензација.
Мур имаше неверојатно враќање, вториот сет го доби со 7-6, во третиот триумфираше со 6-3 и го направи најголемиот пресврт во историјата на тенисот.
OhridNews