По повод празникот на Св. великомаченик Емилијан Доростолски, во храмот на Пресветата Троица, во населба Црногорци – Охрид, вечерта на 30-ти јули, ќе се одслужи сеноќно бдение.

  • На бдението ќе бидат изложени и моштите на Св Емилијан, кои по Божја промисла стасаа од Атина во нашиот свет храм. Ги покануваме сите благочестиви верници да присуствуваат на ова свечено торжество, па преку Св Емилијан да испросиме од Бога се што е полезно за нашите души, порачуваат од црквата.

Бдението ќе започне на 30-ти јули во 22:00 часот, на бдението ќе служи презвитер Александар Димоски во сослужение со други свештеници.

OhridNews