Пионерите и младинците забележаа победи, додека сениорската екипа претрпе пораз на меѓународните контролни натпревари кои Ракометниот клуб Охрид ги одигра во средата против тимот на Едеса во Грција.

„Гладијаторите“ потфрлија и изгубија со шест голови разлика (27-21), а образот го обелија младинците кои победија 34-27 и пионерите кои славеа со 26-23 против своите врсници.

За најдобрата екипа на Охрид ова е прв пораз во меѓусебните мечеви со грчка Едеса. Охриѓани претходно победуваа на трите мечеви кои ги одиграа. За пионерите и младинците ова беше прва и успешна средба со ракометарите од Едеса.

Охридските ракометари подготвителните натпревари ќе ги финализираат со контролна средба со Пролет во Скопје

OhridNews