Еве јавно, при здрава свест и со морална одговорност им се извинвам на сите кои зврчат во турски серии шо досега сум ги напаѓал и вреѓал и сум велел дека се шупливи. Се прошуплив и јас. И се просветлив. Како можев сериозно да не ги сфатам Мемо и Џан, близнаци цел живот одделени собирајќи хартија по улици? Зар борбата на богатиот Фарук да ја напрајт истанбулска невеста сиромашната Сураја не заслужи од мене внимание со солзативни моменти, кога во моменти свекрвата Есма не ја сакаше? Кога освен деверите Фикрет и Осман, само Мурат ја бранит? Лесно и е на Сурај ? А? Вол. Ништо друго. Вол сум јас.
Извините шо ве исмејавав ко рикавте како магарина плаќејќи за Назли која и на полна месечина се бореше за сестрите Фатош и Асуман. А ако се додајт то дека Ферит истовремено и нудеше љубов а таа……ах. Неможам да продолжам појќе да раскажвам се разлигајв ко жена во сауна. Но среќен сум шо се просветлив, шо навреме ми се отворија очиве и сфатив шо е квалитет. А ме просветли кој друг ако не короната. Фала ти сестро Короно. Те сакам сестро Корона. Seni seviyorum kardeş Corona. Ме просветли.
Абе искрено не е страшно со ова коронава. Само малку напор да дајш и се прилагодвиш и реално ги сфаќаш работите да ти се олеснит животот. Да бе.
Еве тргни од мене. Гледам од овај Фејсбуков све стручни лица, аналитичари, 5G-и-ести, вирулогололози и други лози и зш сега да ме фаќат страв. А? Абе искористете го ова со изолацијава да се просветлите ко мене. Јас се сторив ко неонка. Абре каква неонка, лед светло сум.
Да не беше изолацијава никогаш немат да сфатам дека песов шо е ми е куќен љубомец требит поинаку да го сфатам. Поинаку да се однесвам према него. И тој нека ми извинит за до сега. Знаев да мочам јас кога сакав, ко ќе си го земев в спална не го галев и не го бацвев в гас, ак ме лижеше се бришев….абе сега во кризава сфатив дека тој е поважен од пандемијава, го молам да ми кивнит внос, ниеден полициски час немат да ме заприт во 22 да го носам да мочат, во 23 да го ваѓам да се испрдит…пак овај мојов е научен да се прдосвит на булевар.
Шо да прам. И да сакам од полицијава неможам да се скријам. И на крај крајишта песов мој не е дете да го лажам и да бидам не обзирен према него како према детево. Не така. И да ти ојт дете фира ќе напрајш друго, а ај да те видам напрај друг пес. Не така.
Еве пред некоја вечер во 10 навечер си излезе песов, јас неможев од дома да мрднам. И ај шо ми рече одма идам, а се врати касно, тук не ме извај на мочање. И сега? Абре не бадилаја некој рекол све се вртит. Зато пак ќе речам. Сепак ова со коронова е корисно.
Само едно мене ме секират. Ние македонскиов народ бре брате сме многу сентимантални. А тро се подружиме со некого го засаквиме, го осеќаме ко дел до нас, све сакаме да му пружиме. Со љубов се прилагодвиме на секого. Помини партизаните засакај ги, помини итаљаните засакај ги, помини ВРМРО – вциве засакај ги, помини СДСМ-овциве засакај ги, зближи се, немојме да ги заборајме никој. Све прајме за нив. Дури и наш вазелин трошиме. Не им велиме тие да носат иако е по устав то е загарантирано само да не не сфатат криво да можат да не дупат право. Да не пржит.
Е ова ме секират зш кога и да е сестра Корона…..оф лелее…..ах тешко ми е….кога и да е ќе си ојт…..оф извини шо се расплакав….та ќе си ојт, а ние….синееееее донеси варикина и солна мрсуљи ми течат…..а ние….оф како ми е тешко….зато луѓе, сограѓани, содржављани, да продолжиме ко досега да си ја задржиме сестрава шо подолго, да скитаме, да не сејме дома, да не почитуваме ништо да ……До толку немојме да сме попаметни од италијанине?
П.С.
Со ваков акал
ГОСПОД да ни дајт
СИЛА
да го издржиме она шо неможиме да го смениме
ПАМЕТ
да го смениме она шо мојме И
РАЗУМ
да напрајме разлика помеѓу едното и другото
ЏИМИ
*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите