Група мексикански готвачи направиле сендвич долг неверојатни 53 метри. Сендвичот е исполнет со најразлични состојки во зависност од делот, а во нив спаѓаат јајца, пилешко месо, авокадо, морски плодови и уште многу други.

За приготвување на овој сендвич биле ангажирани околу 100 готвачи, а истиот бил готов за околу четири минути со тоа што потребните состојки биле припремени однапред.
Следниот предизвик ќе биде да се изеде овој 53 метарски сендвич” изјавил член од организацијата на настанот.