Семјуел Л. Џексон се придружил на актерската екипа на римејкот на филмот „Робокап“ акционен блокбастер од 1987 година. Според холивудските медиуми, Џексон ќе го игра харизматичниот медиумски могул Пат Новак.
Негов партнер во филмот ќе биде шведскиот актер Џоел Кинаман, кој ќе ја игра главната улога, полицаецот Алекс марфи, кој во оригиналната верзија го играл Питер Велер. Филмот ќе се снима во Торонто од септември, а во кината би требало да се појави следното лето.