Во вилата и винаријата „Мал Свети Климент“ денеска со почеток во 18 часот во организација на охридскиот клуб „Акватика Јахтинг“ ќе се одржи семинар за спортско едрење во Охрид.

На семинарот предавање ќе држи Хуго Шраф кој специјално доаѓа од Велика Британија. Целта на овој семинар е запознавање на присутните со типовите на едра, нивна изработка, начинот на местење на едрета и регатните правила од 2017 до 2020 година.

Учество на семинарот потврдија преставници од Капетанијата на пристаништата Охрид, членови од едриличарските клубови Снегар и Сирма од Струга, Нов Ветар од Скопје, Пират од Охрид, луѓе од Едриличарската федерација и сопственици на приватни едрили.

OhridNews