На 16 и 17 јуни во Охрид ќе се одржи Меѓународен семинар за ракометни тренери во организацијата на Здружението на ракометните тренери од Македонија.
На семинарот македонските ракометни стручњаци ќе ги обновуваат лиценците, додека гостите од Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија ќе се едуцираат.
Предавачи ќе бидат Лефтер Бошковски за младински ракомет, Зоран Петковски за голмански тренинзи и Драган Начевски кој ќе ја има задачата за правилата во ракометот.
OhridNews