” Како до поголема финансиска независност на локалните власти ” е темата на семинарот што ќе го организира Заедницата на единиците на локалната самоуправа-ЗЕЛС на 14 и 15 октомври во Охрид.
Дводневната работилница ќе ги опфати активностите и резултатите на Комисијата за финансирање и буџет при ЗЕЛС, отоврените прашања и проблемите со кои се соочуваат општините, а ќе се дискутира и за состојбите со блокираните сметки на општините.
Се очекува да биде претставен и дел од компаративната анализа за финансиската состојба на општините во Македонија и во земјите од регионот.
Семинарот во Охрид е наменет за новинарите кои ја следат областа финансии и локална самоуправа.
Ohridnews