На 29 ноември (четврток) со почеток во 15 часот во Хотелот „Unique“ ќе се одржи семинар за родителите чии дечиња се натпреваруваат во Детската фудбалска лига југо-западен регион.

Секој клуб-учесник во тековната сезона е поканет да земе учество со по двајца родители од секоја екипа со која се натпреварува, како и еден тренер на засегнатите категории.

Семинар од ваков вид нема по прв пат да се одржува во Охрид. Во овој период минатата година се одржа работна средба на која учествуваа тренерите, родителите, координаторите и судиите и разменија искуства и дебатираа за проблемите, се со цел за подобрувањето на Детската лига во која се натпреваруваат пет генерации (2006, 2007, 2008, 2009, 2010).

Караванот на ФФМ со семинари ќе започне денеска од Кочани, а ќе се одржи уште во Кочани, Струмица,  Велес, Битола, Скопје и Тетово.

OhridNews

Работна средба на ФФМ со чинителите во Детската фудбалска лига во Охрид