Повеќе од 150 ракометни тренери кои работат во Македонија беа дел од семинарот во Охрид. Ракометните тренери на семинарот кој се одржа во СРЦ „Билјанини Извори“ разговараа на неколку теми поврзани со ракометната игра и отворија нови, кои се директно поврзани со нивната работа.
Ракометната тренерска фела најави формирање на синдикат кој ќе се грижи, чува и поддржува правата на тренерите во ракометот. Тренерите треба да се состанот уште еднаш до крајот на годината и тогаш да го финализираат најавениот проект.
Помеѓу предавачите на семинарот во Охрид беше тренерот на „гладијаторите“ Раде Стојановиќ. Охридскиот стратег со помош на охридските ракометари демонстрираше комплекс вежби за шутерски тренинг од сите позиции.
Покрај тренерот на Охрид предавања имаа претседателот на Здружението на тренери Гино Стрезовски, делегатот Камер Металари, тренерот на Еурофарм Пелистер Жељко Бабиќ и тренерот на КЛ7 Андон Бошковски.
OhridNews