Во Основното училиште Григор Прличев –Охрид, на иницијатива на советникот по физичко и здравствено образование за спорт и спортски активности во основно, средно и средно стручно образование Маријан Бошалевски од Бирото за развој на образование, се одржа семинар на кој учество зедоа наставниците од основните и средните училишта по предметот Физичко и здравствено образование, односно Спорт и спотрски активности.

Семинатор имаше теоретстко –практичен карактер и беше насочен кон, инплементирање на актуелните новини во образованието посебно за гореспоменатиот предмет. Акцент беше ставен на интерното оценување и давање препораки за користење на формативни инструменти за оценување.

Од практичен аспект беше демонстриран час, како основа за добра организација на сите делови кои треба да ги содржи часот по овој предмет.

Покрај тоа , наставниците имаа можност да споделат мислења и ставови од своето лично работно искуство, со цел тие искуства да се пренесеат и искористат за подобрување на часовите и целиот образовен процес.
Во таа насока , беше истакната потребата од  дефектолози или други стручни соработници кои би помогнале во изготвување на програмите за работа со децата со посебни потреби.

Покрај тоа , за поефикасна настава по предметот физичко и здравствено образование кај учениците од одделенска настава , потребно е да се изврши запознавање на наставниците со новите теми во програмата на одделенска настава.

Организирањето на семинар од ваков вид, се покажа како неопоходна алка за што поуспешно ангажирање на наставниците и напредок во нивната работата, и дека вакви активности треба да се организираат што почесто.

Ohridnews