Туристичката понуда на Охрид е збогатена за уште една атракција.
Станува збор за „Semi-submarine“ – пловило со стаклен под, какви што вообичаено има во развиените морски дестинации.
„Semi-submarine“ плови на површината од водата и не може да нурне како класична подморница. Всушност е мал брод, кој може да се користи и за научни цели, но најчесто има туристичка намена.
Како што не информираа од Охридската капетанија, пловилото со поглед на подводниот свет, е сопственост на приватно лице од Кавадарци.
Г.М.