Иако уште една се обиде да ја излечи својата зависност од алкохол и дроги, се чини дека на Џорџ Мајкл тоа не му успеа ниту овој пат. Семејството и пријателите на музичарот се загрижени за неговиот живот. Сопругата на негов близок пријател раскажала дека пејачот знаел толку да се издрогира што паѓал на подот, се тресел и повраќал, а неодамна се пишуваше дека пуши по 25 џоинти на ден.

 

Покрај сето тоа е и многу ослабен и изобличен. Во изминативе две години ги одложувал концертите поради воспаление на белите дробови, минатата година му се слоши во неговиот дом, а пред две години наводно случајно испадна од автомобил во движење додека се обидувал подобро да ја затвори вратата. Тогаш постоеше сомнение дека поради дрогата и скокнал од автомобилот.