Британката Шантал Маршал (50) и ќерките Рипли (18), Тара (22), Тери (25) и Ема (28) својот дом го нарекуваат силиконски град. Девет пати ги зголемиле градите и потрошиле околу 35 илјади евра. Шантал имала три операции, Ема и Тери по две, а Рипли и Тара само по една. Благодарејќи на необичната семејна активност станале британското семејство со најмногу силикони.
Ема и Рипли се оперирале во ист ден и во иста клиника како и мајката. Тара се оперирала веднаш штом наполнала 18 години. Ќерките кои имаат иста “плава“ боја на косата како и мајката признаваат дека меѓусебно се копираат, но и дека не се натпреваруваат која ќе има поголеми гради.