Долгоочекуванииот биографски филм за Витни Хјустон, во режија на Анџела Басет, во саботата бил емитуван на Лајфтајм, а семејството на покојната пејачка и нејзините фанови се згрозени. Филмот се фокусира на бурната врска и бракот со пејачот и композитор Боби Браун.

Семејството Хјустон рекло дека филмот е снимен без нивни благослов и дека фрла лошо светло на ликот и делото на пејачката која во 2012 година се удавила во када на 48 години. И обожавателите се разочарани, бидејќи Вити наместо со нејзиниот раскошен талент, во филмот воглавно се бави со секс и конзумирање кокаин.