По долготрајни истражувања на 9 август во Охрид ќе биде промовиран трудот „Семејството Охризаде историја долга 600 години“ од авторите Драги Ѓорѓиев и Илинка Јанева . Издавач на овој исклучителен обработен архивски документ од 15 век е Државниот архив на Република Македонија. Сам посебе документот сведочи  за судбината на семејството Охризаде кое потекнува од Охрид . Како семејна гордост преписот од вакафнамето пишувано на арапски јазик го поседувал Бекир Иљаз Синан од Охрид кој го предал во Подрачното одделение на Државниот архив во Охрид.

Промоцијата на книгата на која се очекува да присуствуваат и потомци на семејството Охризаде кои сега живеат во Турција и Холандија ќе се одржи на 9 август од 20 ч. во Центарот за култура „Григор Прличев “ во Охрид .

На неа ќе говорат д-р Драги Ѓорѓиев, д-р Стојан Ристески и Илинка Јанева.

OhridNews