Откако компанијата Сони за Божик одлучила да го објави албумот на покојниот Мајкл Џексон непознати извори тврдат дека членовите на неговот семејство мислат дека станува збор за измама. Неговите деца наводно рекле дека некои од песните на албумот се лажни и дека тоа не бил гласот на нивниот татко.


Адвокатот која ја застапува компанијата изјавил дека снимките ги преслушале експерти кои утврдиле дека се работи за гласот на Мајкл. Наводно неговите деца биле со него во Њу Џерси во студиото кога во 2007 година го снимал тој материјал. И останатите членови од семејството мислат дека некои од песните се лажни.