Семејството и адвокатите на Мајкл Џексон и должат на државата 702 милиони долари поради затајување данок, прнесуваат американските медиуми. По смртта на кралот на попот пред четири години, неговото семејство пријавило вкупна вредност на имотот на пејачот од седум милиони долари, и на тоа уредно плаќале данок. Меѓутоа, даночната служба по истрагата утврдила дека вкупната вредност на имотот кој пејачот го оставил зад себе изнесува 1,13 милијарди долари.

Покрај каматата и сите изоставени уплати, семејството на Мајкл и сметководителот Џојн Меклејн сега се должни 702 милиони долари. Од таа сума 505 милиони се должни на име неплатен данок, а останатите 197 милиони се такси и казни за лажно пијавена вредност на имотот. За еден од примерите на оваа проневера се наведува комплетниот каталог на групата „Битлс“ кој Мајкл своевремено го откупил и пријавената вредност е само неколку долари. Денес, даночната управа овој каталог го проценува на 469 милиони долари.