Семејството според американските медиуми побарало втора обдукција и мислење од независен лекар, но засега не се знае дали тоа ќе се случи. Истите медиуми пренесуваат и дека семејството не им верува на адвокатите на Мајкл Џексон кои наводно криеле информации од нив, а персоналот на починатата ѕвезда ја спречил мајката да ја собере неговата облека.
Претходно се појавија информации дека Мајкл прд да почине примил коктел од силни седативи, кои можеби се причина за смртта на легендарниот пејач. Вистинските причини треба да ги откријат резултатите од обдукцијата кои ќе бидат познати за неколку недели.