Семејството Кардашиан, кое го сочинуваат Ким, нејзините сестри, брат, мајка и очув, на своето име заработиле околу 80 милиони долари, а половина од заработката и припаѓала на Ким. Познатото семејство станало бренд за себе, благодарение на популарното реално шоу, кое го искористиле да заработат пари продавајќи речиси се, од облека, парфеми, накит па се до козметика.

Годишниот приход кој семејството во просек го остварува во последниве години се движи помеѓу 20 и 65 милиони долари, со тоа што бизнисот им е многу разгранет и сите членови допринесуваат во буџетот со своите независни проекти, но и со заеднички вложувања.