Во спортската сала од Основното училиште „Григор Прличев“ во организација на Агенцијата за спорт и млади, Сојузот на спортските федерации на Македонија и Општина Охрид се одржа спортски хепенинг под мотото „Спортот и семејните вредности 2017“. Одржувањето на спортскиот хепенинг од ваков вид започнал пред две години, а Охрид е деветти град во кој се одржува.

Учениците од целиот град со помош од родителите заедно низ игра ги одгатнуваа спортските задачи. На присутните им се обрати поранешниот Европски првак во карате, Наташа Илиевска Јордановска. – Овој настан ни е од посебно значење, гледајќи ја реакцијата, односно радоста на лицата од дечињата. Целта на овој проект е да се промовира спортот во школото, меѓу дечињата и најважното меѓу родители кои треба да се најголема поддршка на дечињата.

Од охридската Локална самоуправа збор зеде Тони Симоноски кој рече – Семејството и спортот се темел на една здрава и голема личност. Не само денеска, туку секој ден треба на дечињата да им се посвети повеќе време, односно повеќе да спортуваат, бидејќи така во целост ќе имаат здраво тело и здрав дух.

Фото галерија:

OhridNews