Месецот јуни е полн со возбудувања за едно од најбогатите семејства на светот, Екслтоун. По венчавката на Тамата и Џеј Ратленд, следела крштевката на ќерката на Петра, Лавини, која ја има од бракот со Џејмс Стант, во лондонската црква Свети Петар пред неколку дена, на која малото девојче за прв пат се појавило во јавноста. НА крштевката присуствувале сите членови на семејството, вклучувајќи ги и Берни и Славица Еклстоун. по извршените семејни должности, Тамара и Петра со семејствата се упатиле на одмор онаму каде што сакаат најмногу, на Медитеранот. Ќе се одмораат на југот на Италија на островчето Капри.

Тамара на својот Твитер напишала дека е многу возбудена што оди на Капри заедно со Џеј, Петра и Џејмс. Ништо не било подобро од одмор со семејството. Ова богато семејство се упатило кон островот со луксузната јахта ‘Diamonds Are Forever’, која го има апсолутно сиот луксуз на кој богатите наследнички навикнале.