Славната дизајнерка и поранешна „Спајсица“ Викторија Бекам ја претставила својата нова модна колекција за есен-зима 2015 година на модната седмица во Њујорк, а од првите редови поддршка и давале сопругот Дејвид Бекам и нивните четири деца, синовите Бруклин, Ромео и Круз, како и ќеркичката Харпер.
Семејството Бекам во ревијата уживало во друштво на модниот уредник на Вог Ана Винтур, а се чини дека малата Харпер ја воодушевила Ана повеќе од малата Норт Вест, која не престанала да плаче на модната ревија на својот татко. Семејството било многу гордо на мајката Викторија, а на малата Харпер пред крајот на ревијата веќе почнало да и се спие, па грижливиот брат ја зел во прегратки и се погрижил што побргу да легне во своето креветче.