Инвеститорите на градежните фирми се почесто се соочуваат со незадоволни граѓани, кои не се согласуваат на промена на местото и начинот на живот поради секторот кој е во неверојатна експанзија.
Овој пат проблемите ги има една градежна компанија од Таијана која за изградбата на зграда успеала да купи цели гробишта, освен еден гроб.
На сите сопственици им е исплатена оштета, но, едно семејство чиј член од семејството почива на тоа место од 2004 година, не е спремно да ги пресели посмртните останки во друга гробница, бидејќи не се согласуваат со малата оштета.Бараат многу поголема од онаа што им е понудена.
Без оглед на проблемот, градежниците одлучиле да ја завршат изградбата на зградата, па околу гробот поставиле темели и започнале со градење.