Семејството Шутиноски од Охрид во отворено писмо до медимуте се жали дека градилиште во центарот на градот им ја загрозува берзбедноста на нивната куќа бидејќи се појавило свлечиште во нивниот двор. За тоа, како што велат од семејството се обратиле до соседот кој гради и изведувачот, но не наишле на разбирање, по што за случајот ги известиле надлежните институции, но бидејќи тие не реагирале, покренале судска постапка.

-По оддржување на едно рочиште, судот донесе одлука за времена забрана за градежни активности, додека не се изврши целосна санација и додека не се врати земјиштето во првобитната состојба . Фирмата инвеститор и покрај донесување на судската одлука, која веднаш стапува на сила, сепак не ја почитува. Напротив, продолжува со градежни зафати. Ова е противзаконски. Градежниот инспектор, откако увиде дека судската забрана не се почитува, требаше да донесе решение за затворање на градилиштето. До денеска такво решение не е донесено. До него веќе е поднесена кривична пријава. – вели Билјана Шутиноска.

Семејството Шутиноски одговорност за целиот случај гледа и кај локалната самоуправа.

-Ова е уште еден во низата случаи на целосно нефункционирање на нашиот систем.- се вели во отвореното писмо.

Инвеститорот на градбата не сака да ги коментира изнесените обвиненија на соседите, бидејќи смета дека се тенденциозни и злонамерни.

OhridNews