Суанг Пуангсри ја прилагодил својата семејна куќа, која се наоѓа 600 километри северно од Бангкок, на соживот со необични љубимци – околу 4600 скорпии. Дел од куќата во која живее со семејството ја уредил со гранки и камења за скорпиите да се чувствуваат што поудобно.
Тој тоа го направил пред се поради фактот што скорпиите и останатите инсекти, како скакулците и штурците, се многу популарно јадење на Тајланд. Тој покрај за семејното мени за јадење ги одгледува и за продажба.