Со исказ на членови на оштетените семејства и сведоци во основниот суд во Охрид денеска започна судскиот процес за убиството на 38 годишниот Ромеo Ѓузелоски и 56 годишниот Васил Ристески, што се случи на 21 август минатата година во ресторанот од мотелот „Император“ во Охрид.  

За двојното убиство првообвинет е  31-годишниот Бојан Петрески, кој по шестмесечно бегство и објава на меѓунаодна потерница беше фатен во Албанија и екстрадиран во Македонија. Тој се произнесе за невин по однос на обвиненијата кои го товарат дека ладнокрвно извршил двојно убиство и за неовластена употреба и чување на огнено оружје и распрскувачки материјали.

Второобвинет во случајот е Ристе Силјаноски, со чие возило пристигнале и заминале со првообвинетиот од местото каде се случи крвавото убиство. Тој се товари за помагање на сторител по извршено кривично дело. И Силјаноски се изјасни за невин по однос на обвинението.

Нивните адвокати истакнаа дека со сведоците кои ќе ги повика одбраната и доказите кои ќе ги изнесат ќе докажат дека работите не се случиле онака како што стои во обвинителниот акт. 

На првото рочиште беше сослушана Катерина Ѓузелоска, сопруга на покојниот Ромео, која била со него критичната вечер во ресторанот на мотелот „Император“ на улицата „15-ти Корпус“. Таа сведочеше додека пиеле кафе  дошле сега обвинетите и го повикале нејзиниот сопруг. Според нејзиниот исказ тогаш нстанала расправија за наводен долг кој Ромео го негирал по што второбвинетиот скршил маса, а првообвинетиот извадил пиштол и почнал да пука кон нејзиниот маж. Во пуконтницата тој бил смртно застрелан како и Васил Ристески сопственик на угостителскиот објект кој во моментот бил на работното место на рецепција.

Во своите искази членовите на оштетените семејства, видно вознемитрени, истакнаа дека се уште не можат да ја преболат загубата на нивните најблиски. За претрпената загуба тие истакнаа оштетни побарувања. Адвокатот на семсјтвото Ристески, Гоце Стојаноски, во изјава за медиумите по завршување на денешното рочиште, истакна дека со ништо не може да се надополни загубата која ја претрпеле оштетните смејства и очекува судот на обвинетите да им изрече максимални казни.

-Што и да била причината за недоразбирањата доколку ги имало обвинетите не заслужиле да бидат убиени. – изјави адвокатот Стојаноски.

Главниот претрес ќе продолжи на 13-ти октомви со исказ на сведоци на настанот и изнесување докази.

Г.М.