Решавањето на судбината на исчезнатите лица во текот на конфликтот на Косово е од критично значење не само за стотината семејства кои немаат никакви вести за тоа каде се нивните најблиски, туку и за процесот на воспоставување мир и стабилност во регионот.
Ова беше речено на Конференцијата посветена на решавање на прашањето на ислезнатите лица во конфликтот на Косово што во организација на Меѓубнародната Комисија зсе одржува во Охрид.
Од вкупно 4.400 лица кои исчезнаа за време на конфликтот, за повеќе од половината не се знае ништо, и оваа конференција треба да помогне во решавање на судбината на исчезнатите, вели Ведран Першиќ од Меѓународната комисија за исчезнати лица. Според него тоа не е битно само за семејствата, туку и за општеството за да може да се гради едно стабилноо опкружување кое ќе му овозможи на целиот регион на мирен нашин да влезе во ЕУ, рече Першиќ.
На списокот на исчезнати има голем број цивили, цели семејства и деца, истакна Верица Томановиќ, претставник на здружениетио на исшезнатите срби. Нејзиниот сопруг, Андрија Томановиќ директор на хируршката клиника во Приштина веќе осум години се води за исчезнат.
Семејствата сакаат да ја дознаат судбината на нивните најблиски, но процесот на ексхумација и ДНК анализите на србите и другото неалбаско население на Косово оди многу бавно, рече Томановиќ.
Здружението на исчезнатите срби бара итно ослободување на сите заробени срби во логорите на Косово како и објавување на сите поодатоци од КФОР, Меѓународниот Црвениот крст, Меѓународната комисија за исчезнати лица, Хашкиот трибунал и од многуте невладини организации присутни на Косово во тој период. Систематизацијата на тие податоци и нивно процесуирање во судовите ќе ни погне да ја дознаеме судбината на исчезнатите, вели Томановиќ.
Претсвникот на Здружението на исчезнатите Албанци на Косово, Хаки Касуми, истакна дека семејствата очекуваат одговор од надлежните каде се нивните најблиски. Ние сме убедени дека одговорите каде се исчезнатите Албанци се наоѓаат во архивите во Белград. , рече Касуми. Ние се трудиме овој проблем кој за нас е ексклузивно хуманитарен да не постане политички но сме свесни дека проблемот е последица на една политика која не е водсена на вистински начин, рече Касуми. Веруваме дека не само политиучарите туку и меѓународната заедница ќе се заложат сета оваа болка да заврши еднаш засекогаш, додаде Касуми.
Тој ги повика раселените срби да се врата на своите огништа, бидејќи како што рече не постои причина тие што не направиле никаков злочин да не се вратат во своите домови.
Г.М.