Ден после големиот подвиг на Марко Пејчиноски кој во еден здив успеа да го преплива Охридското Eзеро не стивнуваат позитивните реакции и честитки до 12-годишниот херој. Марко за околу девет часа успеа да го преплива езерото и да излезе како победник во борбата со силниот северен ветер, немирното езеро и заморот.

  • Едно огромно „фала“ до потесната екипа која се грижеше за Марко во текот на пливањето. Потоа, едно големо благодарам до Хотелот Тино – Св. Стефан кој ни овозможи услови за тренинг преку целата година, градскиот базен во склоп на СРЦ Билјанини Извори и Здружението на возачи од Охрид кое ни излегуваше секогаш во пресрет. – велат од семејството.

Од семејството на Марко изразуваат голема благодарност и до сите охриѓани и граѓани на Македонија за честитките и убавите зборови. Марко е топ тема во македонските медиуми, а официјални средби ќе има многу во следниот период.

Домот на Пејчиноски синоќа беше највеселиот во Охрид. Марко веќе го нарекуваат херој на градот, и навистина е.

OhridNews