Агенцијата за патишта, под чија надлежност е магистралниот патен правец Охрид- Свети Наум ги привршува подготовките за ставање во употреба на поставените семафори кај Рача и приодот кон хотелот Инекс Горица. Како што информира градоначалникот Никола Бакрачески, се очекува наскоро семафорите да бидат ставени во употреба.
– Неколку пати имавме телефонска координација со раководниот тим на Агенцијата за патишта и ни беше дадена информација дека за кратко време семафорите ќе бидат ставени во работа се со цел овие особено опасни точки на сообраќајот, клучките кај Рача и Инекс конено да се обезбедат со семафори кои значително ќе ја подобрат безбедноста на учесниците во сообраќајот. На истите семафори агенцијата има намера да постави и одбројувачи, рече градоначалникот Бакрачески.
Деновиве беше поставена и хоризонталната и верткална сигнализација на патот Охрид- Свети Наум и приодните патишта кон Рача и Инекс Горица.
OhridNews