Во Вашингтон, семафорите не се како низ другите градови во светот. Додека во останатите земји на нив се појавуваат црвено, жолто и зелено светло, на американците семафорите им го покажуваат средниот прст. А за таквата појава виновен бил единствено снегот кој паднал.


Жената која е задолжена за односите со јавноста во тој град, Мерлин Фрст, тврди дека инцидентот се случил за време на временските неприлики. Меѓутоа пешаците биле повеќе од изненадени од новонастанатата ситуација. Мерлин кратко изјавила дека не било намерно и дека дошло до проблем поради снегот кој упаднал во семафорот и го расипал.