Режисерот на „Американска убавина“ и најновиот филм за Џејмс Бонд нема наскоро да режира ниту еден филм за најпознатиот таен агент. Во интервју за британско списание рекол дека иако режирањето на „Skyfall”, кој заработил повеќе од 1,1 милијарда ширум светот било едно од најдобрите остварувања во неговиот професионален живот, морал да се фокусира на некој од претходно договорените проекти.
Рекол дека му било многу тешко да одлучи да одбие понуда на продуцентите за работа на следниот филм со агентот 007. Се чувствувал почестен што бил дел од Бонд семејството и се надевал дека во иднина повторно ќе соработуваат.