Оскаровецот Сем Мендес наводно сепак ќе го режира новиот филм за Џејмс Бонд, пишуваат британските медиуми. Мендес, кој го режираше “Skyfall”, филм кој стана еден од најголемите хитови на франшизата, првобитно ја отфрлил можноста да ќе го снима новиот, 24 филм за британскиот таен агент, но медиумите сега јавуваат дека се премислил.


Тој одбил да го режирал филмот поради обврските кон театарските проекти кои ги подготвувал во Националниот театар. Рекол дека не било можно преку ден да работи на пробите, а ноќе на Бонд, и дека не би било фер ниту кон едната ниту кон другата страна. Добро известени извори сега тврдат дека продуцентите на Бонд се подготвени да сочекаат Мендес да ги заврши сите своите театарски проекти за да го режирал филмот, а тој наводно прифатил.