Жителите на селото Горенци во иднина ќе добијат нова канализациона мрежа. За таа цел надлежните служби во општина Дебрца деновиве објавија Јавен оглас за реализација на овој инфраструктурен проект.
Според огласот кој е објавен преку Електронскиот систем за јавни набавки, изградбата на фекалната канализација ќе чини околу 260.000 евра или точно 16.553.000 денари.
Крајниот рок за доставување на понудите за изведба на овој проект е 15-ти септември 2015 година.
OhridNews