Откако минатата недела австриското село Факинг (Fucking), врз основа на одлуката на општината, беше преименувано во Фугинг, сега повторно е цел на вандализам.
Промената на името се случи поради неговиот „незгоден“ изговор на англиски јазик… Но, се чини, ни тоа засега не носи мир во тоа место, кое често е цел на непристојности и вознемирувања.
Непознати лица со спреј ги исчкртале „gg“ и додале „ck“, враќајќи го старото име на селото.
И порано, ова место се соочуваше со чести вандалски чинови, но тогаш им ги крадеа табличките со името. Местото во провинцијата Горна Австрија, просто, стана место за „идолопоклониците“ на селфито, како и мета на бројни шеги на интернет.
OhridNews