Сиромашното индиско село Асола-Фатепур, чии жители се занимавале исклучиво со земјоделство, направило нов имиџ како престолнина на бодибилдингот. Речиси сите мажи од селото со 3500 жители вежбаат и ги развиваат мускулите, што им овозможило 90 проценти од нив да се вработат како обезбедување. Момчињата почнуваат да тренираат уште од раѓањето, но на 14 години го засилуваат тренингот и преминуваат на вегетаријанска диета богата со протеини, со многу млеко, банани, јајца и младо сирење. Вежбаат и по шест часа на ден, подигаат мотоцикли, трактори и друга тешка земјоделска опрема, или се борат меѓу себе како што повеќе би ги развиле мускулите.

А за да развијат и трпеливост, која на нивната често стресна и ризична работа им е е повеќе од потребна, практикуваат традиционални духовни вежби јога кои им го прочистуваат умот. Поради оваа нова бодибилдерска репутација во селото се среќни и жените, бидејќи никој од мажите не пуши, не пие и не конзумира дрога. На своите работни места силните селани заработуваат околу 2000 евра годишно, но можат да заработат и повеќе, ако се вработат како приватно обезбедување, а поради познавањето на боречките вештини во борбата очи во очи се многу барани и во овој сектор.