Во шкотското село Фирхал владеат необични правила според кои жителите не смеат да имаат патки, зајаци, гулаби, пчели и други животни, но што е уште почудно, не смеат да имаат ниту деца. Сметаат дека децата ќе им го нарушат мирот и спокојството кои владеат во нивното мирно окружување.


Исто така луѓето кои сакаат да се населат таму, мораат да бидат постари од 45 години. Децата на жителите смеат да доаѓаат во посета, но постојат ограничувања колку смеат да се задржат. Ваквите правила во ова мирно село владеат уште од 2003 година.