Италијанското село Борџо, кое се наоѓа во централна Италија, се продава за 28 милиони долари. Селото е оддалечено 35 километри од Спалето и 72 километри од Перуџа. Потполно е реставрирано и модернизирано и само ги чека новите сопственици, пренесуваат странските медиуми.
Изгледот на селото е неговата најсилна карика. Мали, ниски, куќи на еден кат, поплочени патишта и убав поглед, како и фактот дека тука може да се живее во дел од минатото, прават Борџо да биде место од соништата. Во селото се наоѓаат 60 независни станови и куќи, а постои и стара црква која допринесува за автентичниот изглед.