Во селото има триесеттина куќи распоредени на вкупна површина од 8 093 713 квадратни метри. Купувачот добива и терен за крикет, помал дворец, локална продавница, образовен центар за деца.
Едниственото нешто што купувачот не може да го добие е црквата од 12 век.
Селото е моментално во сопственост на едно добротворно друштво кое помага на хендикепирани деца и повредени џокеи.
Основачи на друштвото се играчот на крикет, Херберт Блегрејв, и неговиот брат кој починал пред неколку години.
Жителите на Линкенхолт, вкупно 40, наскоро ќе бидат информирани за продажбата на селото, но сите ќе можат да продолжат да живеат во досегашните домови и по промената на сопственикот. Како што наведува агенцијата, сеуште нема заинтересирани за купување на селото.