Едно мало австриско село по ништо не би се разликувало од останатите села ако не поседуваше многу бизарно име-“Fucking”. Заблагодарувајќи на семејсвото Fuck кое пред околу 800 години го основало ова село, денес тоа е преполно со туристи. Најголема атракција за туристите претставува сликањето пред знакот на влезот во селото како и разгледниците од ова село.


За мештаните позите во кои се сликаат туристите, како и нивнито  соблекување веќе не претставува никакво изненадување. Популарниот знак кој се наоѓа на влезот од селото е честа мета на крадци, па локалните власти одлучија да постават посилен патоказ со носачи кој ќе биде забетониран.

Без оглед на сите овие непријатности, на референдумот повеќе од селаните гласале против промена на името поради долгата традиција. Сепак на многу од мештаните им е непријатно кога некој ќе ги запраша од каде се. Повеќето од нив зборуваат англиски и се срамат да го изговорат името на своето село. Многу од нив дури и избегнуваат да напишат во документите од каде потекнуваат или каде се родиле.