Селото Пакли во Велика Британија, познато по наводните чести посети на духови, овие денови било нападнато од непознати инсекти. Локалните власти итно се состанале за да го решат проблемот. Инсектите биле слични на мали муви. Тие влегувале во куќите и автомобилите низ прозорците и пукнатините.
Надлежните органи го посетиле селото и го барале гнездото за да ги уништат инсектите но не го пронашле. Инвазијата започнала пред една седмица и секој ден било се полошо. Жителите раскажуваат дека во своите домови секој ден убиваат по 300 од инсектите. Селото наводно 14 пати било посетено од духови, меѓу кои духот на една циганка која изгорела во сон и духот на директорот на училиштето кој се обесил.