Едно зафрлено индиско село во државата Пенџаб станало бизарен центар за изнајмување лимузини откако итрите шефови ги искористиле локалните закони. Во селото, кое нема асфалтирани улици, регистрирани се 400 луксузни лимузини бидејќи сопствениците на такси возилата таму се ослободени од даноци.


Сега на улиците на селото полесно е да се изнајми лимузина отколку да се начека автобус. Повеќето жители возат велосипеди или јаваат магариња. Еден од дилерите на лимузини рекол дека иако селото е мало имаат големи планови.