Охриѓанецот Реџеп Селман со скок од 14.19 м. го освои третото место во дициплината трискок на митингот во сала “Академик“ во Софија.  Александар Спасеска од АК Охрид во трката на 60 метри заврши 11. со време 8.64.


Кристијан Ефремов на 400 метри се пласираше на 8 место, Стевиќ Роберто на 60 метри се пласираше на 17 место. Ифраим Љута на 200 метри заврши деветти.

Кај дамите, Ивана Рожман на 60 метри заврши 7, додека Христина Ристеска на 400 метри се пласираше на 5. место.

На митингот учество зедоа атлетичари од Македонија, Турција, Србија и домаќинот Бугарија.