Државниот рекордер во дисциплината три скок Реџеп Селман утре во 4 часот по македонско време ќе настапи на  Летните Олимписки игри.

На Олимписките игри во Пекинг Селман замина со вајлд карта која ИААФ и ја додели на АФМ.

Какви се твоите очекувања за Игрите во однос на конкуренција?

Се надевам дека ке го поправам својот рекорд и дека ке стигнам до 16м а зошто да не и над 16 . Имам доверба во мојот тренер а исто и себеси дека можам да постигнам многу и се надевам дека од Пекинг ке се вратам со нов државен рекорд.

Какво е чувството да се претставува својата земја на едно вакво големо натпреварување?

Чуството е неопишливо на секој спортист тоа е сатисфакција, сон да се успее на олимписки игри и многу ми е чест да ја претставам мојата држава мојот преубав град Охрид мојот клуб АК ОХРИД  во Пекинг . Што се однесува до мене ке дадам се од себеси да ја представам Македонија во најдобро светло.

М.Постоловски